Хардкор навивачите на италијанскиот прволигаш Лацио бараат да им се забрани пристап на жените на Северната трибина на Олимпискиот стадион во Рим.
Ултрашите на Лацио се злогласени поради нивното насилство, расизам и антисемитизам.
Пред првиот натпревар во сезоната, почна да кружи неофицијален леток во кој пишува дека стадионот е „свето место“ каде нне треба да им биде дозволен пристап на жените.
Во летокот се сигерира жените да одат на другите трибини на стадионот.
Исто така се повикува „жените, сопругите и девојките“ да не седат во првите 10 реда од трибините.
„Оние на кои стадионот им е алтернатива за безгрижен и романтичен ден во Вила Боргезе, нека одат на друго место“, стои во текстот.
Памфлетот е потпишан со „Direttivo Diabolik Pluto“, еден од водачите на група ултраши навивачи на Лацио позната како Irreducibili.
Минатата сезона клубот беше казнет откако навивачите покажаа антисемитски пораки и слика со Ана Франк, жртва на Холокаустот, во дрес на Рома.