Уметница преку искрени илустрации го документира чудото наречено бременост
Фотографиите може да доловат момент во времето, но не секогаш ја откриваат реалноста на она што се случува. Затоа уметницата Аманда Олеандер од Лос Анџелес почнала да ги слика своите искуства од реалниот живот во серија разиграни и искрени илустрации.
Од неочекуваните желби за храна до неописливата среќа да го гушкате саканиот додека го чекате заедничкото дете, овие нежни уметнички дела ја слават непредвидливата реалност на љубовта, врските и бременоста.