Уметникот Глигор Стефанов му подари 21 дело на Музејот на современата уметност

Уметникот Глигор Стефанов, кој минатата година имаше ретроспективна изложба во Музејот на современата уметност (МСУ), одлучи делата од оваа поставка, насловена „Грабење во просторот“, да му ги подари на музејот и да му ги пренесе своите авторски права за сите дела од поставката.

– Горди сме што колекцијата на Музејот на современата уметност е побогата за една толку значајна збирка составена од 21 ремек-дело на нашиот уметник Глигор Стефанов, соопшти МСУ.

Стефанов, кој повеќе години живее и работи во Канада, изјави дека дарувањето е израз на благодарност и љубов.

- Не можам да го заборавам оној тмурен ноемвриски ден во 1981 година, неколку месеци по моето дипломирање, кога како млад и анонимен уметник, без препораки и познанства, влегов во канцелариите на МСУ за да замолам ако некој сака да го погледне моето портфолио. Таа посета на МСУ го промени мојот живот. Марика Бочварова во последен момент ме вклучи во изложбата „Млада генерација”, Соња Абаџиева ме покани да учествувам во изложбата „Интервенции во простор”, Зоран Петровски ме предложи за наградата „Млад борец” а Мирослав Поповиќ ме избра во годишната изложба „Критичарите бираат”. Така почна веќе познатата долгогодишната соработка, истакнува Стефанов и додава дека подарувањето на делата од ретроспективната изложба на МСУ е упатување благодарност кон институцијата и кон секој со кој соработувал и работел во минатото и во деновите кога таа била подготвувана.

Ретроспективната изложба, монографијата и сместувањето на делата во колекцијата на МСУ, вели Стефанов, се целина која ја заокружила неговата уметничка активност што интезивно се одвивала во 80-тите и 90-тите години и е директно поврзана со македонското поднебје и сензибилитет.

реклама

Мурињо ни се фати за 5 сантиметри: Нѐ накодоши дека головите ни се ниски

Read more

Што се случува доколку секој втор ден правите по 200 склекови?

Read more

Секс-пози за кои луѓето повеќе зборуваат, отколку што ги практикуваат

Read more

Најсмешните новинарски незгоди со животни

Read more

Култура

Бела ноќ в сабота на 10 локации низ Скопје

Read more

Во сеќавање на Игор Исаковски, на неговиот роденден

Read more

По 57. пат „Рацинови средби“ на 25 и 26 септември во Велес

Read more

Епидемијата не ги предомисли читателите, со почитување на мерките и на отворено годинава задоволителна посетеност на Саемот

Read more

Вести

Ким се извини за убиството на јужнокорејскиот службеник

Читај повеќе

Илиев: Бугарија може да остане сама во спорот со Северна Македонија

Читај повеќе

Корона кризата ги извади на површина слабостите во домашниот туризам

Читај повеќе

Припадник на Алфите треба да сведочи во случајот „Монструм”

Читај повеќе

Ситуацијата со COVID-19 во Прилеп е сериозна, има сѐ помлади пациенти

Читај повеќе

Сончево и топло до 31°C, од утре заладување

Читај повеќе
  • play_arrow

Додека закрепнуваше во Берлин, во Русија сè му запленија

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Пронајдена мини лабораторија и стебла канабис во Визбегово, приведени 3 лица

Читај повеќе