Унаи Емери претставен како нов тренер на Арсенал

Шпанскиот страгет Унаи Емери (46) беше претставен како нов тренер на Арсенал, откако Арсен Венгер го напушти клубот по 22 години на клупата. Одлуката да се назначи Емери беше донесена во понеделникот, додека денес се случи официјалното претставување.

Унаи Емери беше избран за наследник на Арсен Венгер откако во понеделникот Микел Артета го одби лондонскиот клуб и реши да остане асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Шпанскиот тренер само што ја заврши сезоната со ПСЖ, каде освои тројна круна (Француската лига и двата Купа на Франција). Иако беше мета на многу критики во последните две години, посебно заради неговите неуспеси во Лигата на шампионите, Емери има повеќе од солидно тренерско резиме, а најмногу се истакнуваат неговите успеси во Севиља, со која успеа да освои три последователни титули во Европа Лигата.

„Пресреќен сум што сум дел од еден од најголемите клубови во фудбалскиот свет. Арсенал е име кое е познато насекаде низ светот и сите ја почитуваат нивната посветеност кон младите играчи, нивните навивачи и начинот на кој раководството управува со клубот. Навистина сум возбуден што ја добивам одговорноста да почнам ново поглавје во историјата на Арсенал“, изјави Унаи Емери на првото обраќање кон јавноста.

Задачата на Емери по доаѓањето во Арсенал ќе биде да го врати лондонскиот клуб во фудбалската елита и наредната сезона да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Буџетот за трансфери кој го доби за следната сезона ќе биде околу 50 милиони фунти, што изгледа како многу мала сума, посебно за тим од Премиер лигата.

Претходно во кариерата Унаи Емери работеше во Лорка Депортиво, Алмерија, Валенсија, Спартак Москва, Севиља и на крајот, ПСЖ.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе