Унгарија го укина законското признавање на полот за транс-граѓаните

МИА/КАЈГАНА
/ 20.05.2020 / 16:52

Новиот закон што го донесе Унгарија го дефинира родот заснован на хромозомите при раѓање, менувајќи го карактеристичниот текст од „пол“ во „пол наведен при раѓање“.

Амандманот значи дека транссексуалците повеќе не можат да го менуваат својот пол и име на официјални документи, како што се документи за лична карта и потврда за брак.

– Со оглед на тоа што целосната промена на биолошкиот пол не е можна, потребно е со закон да се каже дека не постои можност да се промени во регистарот на раѓања, бракови и смртни случаи, се вели во објаснувањето, придружено со амандманот .

Предлог-законот беше усвоен со 134 гласа „за“ наспроти 56 „против“, со обезбедено двотретинското мнозинство на партијата „Фидес“ на премиерот Виктор Орбан, и покрај противењето на другите партии.

URL

Но, законот е цел на критики и на меѓународно ниво од страна на организациите за човекови права, Комесарот за човекови права на Советот на Европа и членовите на Европскиот парламент.

– Оваа одлука ја турка Унгарија назад кон мрачните времиња и ги гази правата на трансродовите и интерсексуалните луѓе“, изјави Кристина Тамаш-Сарој, истражувач за Amnesty International.

Сарој додаде дека, родовиот идентитет на секој човек треба да биде легално препознаен и на сите официјални документи да биде дозволено да ги менуваат своите законски име и род.

Amnesty International се придружи на повеќе меѓународни и национални ЛГБТИ организации во повик забраната да биде отфрлена под хаштагот #drop33.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе