Свет

УНИЦЕФ: Во Нигерија ослободени 833 деца-војници

12. октомври 2018 - 17:09 | МИА

Женева, 12 октомври 2018 (МИА) - Локалната милиција во североисточна Нигерија, која се бори против екстремистичката исламистичка организација Боко Харам, денеска ослободи 833 деца-војници, соопшти УНИЦЕФ.

Децата-војници се ослободени од локалната милиција под името Здружени цивилни оперативни сили (ЦЈТФ), кое е формирано е во 2013 година од неколку самоорганизирани групи во нигериската сојузна држава Борно.

Некои од ослободените деца имаат само 11 години.

Коментирај