Авто новости

Уникат: Ова е единствениот Lamborghini Muira Roadster во светот

3. јануари 2018 - 11:56 | К.З.

Lamborghini Muira е икона во автомобилскиот свет и првиот светски суперавтомобил. Овој модел ја прослави компанијата и ја стави на мапата кога се во прашање производителите на суперавтомобили, но малкумина знаат дека Muira воопшто постои.

Официјално именуван како Lamborghini Muira P400 Roadster, автомобилот дебитираше на Саемот на автомобили во Брисел во 1968 година.

Покрај тоа што нема класичен кров, Roadster поседува каросерија која е редизајнирана од страна на компанијата Bertone. Елегантниот автомобил има многу нагло ветробранско стакло, пониска линија на кровот, големи крилни отвори за воздух за неговиот V12 мотор кој произведува 394 коњски сили.

Roadster уште кога беше промовиран беше одлично примен од љубителите на брзи автомобили, но компанијата Lamborghini ги одби сите можности за сериско производство на моделот.

Подоцна беше модифициран и се појави на огромен број саеми, каде публиката инстантно се заљуби во него, а во 1980 година беше реставриран и дониран во Бруклинскиот музеј за транспорт.

Оттогаш менуваше многу сопственици, па заврши и кај Адам Гордон, кој го реставрираше по оригиналните спецификации кои моделот ги имаше во 1968 година. Целиот процес чинеше околу 280.000 евра.

Во 2008 година Muira Roadster е повторно продаден, а денес вреди околу 8 милиони евра. Lamborghini во 2015 година го позајми за изложба на класични автомобили.

Коментирај