Живот

Уникатната Toyota во која ќе се вози новиот јапонски цар

20. септември 2019 - 20:23 | Б.С.Б.

Царот Нарухито ќе се вози во луксузен кабриолет во текот на церемонијата на крунисување на 22 октомври. Новата службена лимузина со отворен кров е базирана на луксузниот модел Century на Toyota.

Предвидено е царот да се вози во овој автомобил на различни свечености, меѓу нив и Олимписките игри во Токио во 2020 година. Кога автомобилот нема да биде користен, ќе се наоѓа во една палатите во Кјото или во Токио.

Техничките детали за возилото не се соопштени, кабриолетот ќе дебитира на церемонијата на 22 октомври, кога царот ќе се вози по улиците на Токио со него.

Коментирај