Уникатниот Pagani Huayra е инспириран од Пацификот

Pagani произведе само 100 примероци од стандардниот модел Huayra Coupe, но некои од нив се попосебни од другите. Меѓу нив е уникатниот Oceano Pacifico кој го нарачал клиент од Калифорнија, а токму овој автомобил сега се нуди на продажба.

Станува збор за модел од 2014 година, кој има поминато околу 3.200 километри. Штом се појави на пазарот, привлече големо внимание. Неговата препознатлива боја е инспирирана од Пацификот, од каде доаѓа и неговото име. Поголемиот дел од каросеријата е обоен во металик Blu Francia, а има и Bianco Fabriano бели прагови и задна решетка. Автомобилот има и бројни Blu Tricolore делови од изложен карбон, вклучувајќи го носот, покривот и вратата од багажникот.

Набргу откако автомобилот беше испорачан на неговиот првичен сопственик во Калифорнија, тој беше вратен назад во фабриката на Pagani и опремен со опционалниот пакет Tempesta, кој вклучува титаниумски издувен систем, нов преден сплитер, карбонски заден дифузер и Ohlins амортизери.

Автомобилот има сини бандажи, но новиот сопственик ќе добие и бандажи во златна боја со димензии 20 инчи напред и 21 инч назад.

Внатрешноста е обложена со комбинација на Ocra кожа и Blu Ossido Alcantara, што се однесува на седиштата, контролната табла и панелите на вратите. Внатрешноста е исто така украсена со Blu Tricolore карбонски детали, вклучувајќи го воланот и таблата со инструменти. Ватираните патосници го зголемуваат чувството на луксуз, како и звучниот систем Sonus Faber. На контролната табла има плоча на која пишува „Oceano Pacifico 1 di 1“.

Суперавтомобилот е придвижуван од 6,0-литарскиот твин-турбо V12 мотор на AMG, поврзан со 7-степен автоматски мануелен менувач, кој развива 740 КС и 1.000 Nm вртежен момент. Вкупно тежи 1.350 килограми.

Највисоката понуда во моментот на пишување на трекстот беше 2.000.000 долари.

Тагови
реклама

Авто новости

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Read more

Cybertruck се распадна по тест на издржливост

Read more

Нови правила за возачките дозволи на ниво на ЕУ

Read more

Како Xiaomi ја победи германската автомобилска индустрија?

Read more
 

Автомобили

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Читај повеќе
  • play_arrow

Cybertruck се распадна по тест на издржливост

Читај повеќе

Нови правила за возачките дозволи на ниво на ЕУ

Читај повеќе

Како Xiaomi ја победи германската автомобилска индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Прв поглед на новиот Alfa Romeo Stelvio

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Mercedes има нови несекојдневни работници

Читај повеќе
  • filter

Новата генерација на микро автомобили ќе се составува како мебел на IKEA

Читај повеќе
  • filter

Кој е најскапиот автомобил некогаш изложен на Саемот во Белград?

Читај повеќе
  • play_arrow

46.000 Cybertruck возила на Tesla повлечени во САД

Читај повеќе