Во Ораховац, Косово, во текот на ноќта беше уништен мурал посветен на тенисерот Новак Ѓоковиќ, а на празниот простор беше испишано „ОВК“.
Жителите на горниот дел на Ораховац рано утринава го виделе уништениот мурал, а полицијата допрва треба да истражи.
Сликањето на муралот на Ѓоковиќ во горниот дел на Ораховац е дел од проектот „Боја во воздухот“ што го реализираше организацијата „Пријатели на Дечана“, во соработка со уметникот Дерокс, кој на почетокот на минатата година сликал мурали на места со српско население во Косово по барање и договор на домаќините.
Муралот со Ѓоковиќ, кој беше насликан на српска куќа спроти црквата во Ораховац, исто така беше уништен на почетокот на февруари, кога беше обоен со бела боја.