Уништена првата кошница на азиски стршни-убијци во САД

Ентомолози ја уништија првата кошница на азиски стршни-убијци најдена во САД.

Кошницата беше најдена во државата Вашингтон благодарение на уредот за следење поставен на некои стршни, а потоа со помош на вакуумско црево инсектите беа вшмукани од внатрешноста на дрвото во кое направиле кошница.

URL

Овие инвазивни инсекти, познати како џиновски азиски стршни-убијци, имаат силен убод и можат да испуштат отров.

Нивна најчеста цел се пчелите кои прават мед и опрашуваат земјоделски култури. Кога стршенот-убиец ќе влезе во колонија медоносни пчели, започнува „фаза на колење“ во која тој убива пчела по пчела и може да ја уништи колонијата за неколку часа.

Кошницата во Вашингтон со околу 200 инсекти беше откриена во градот Блејн во близина на границата со Канада.

URL

Во саботата, тим научници во заштитни одела шмукаа инсекти од дрвото кое ќе биде исечено за да не се прават нови кошници во него.

Азиските џиновски стршни-убијци се меѓу најголемите стршни во светот - кралиците можат да достигнат должина од повеќе од пет сантиметри.

Нивниот отровен убод може да навлезе преку заштитната облека на луѓето, но бројот на луѓе што ги убиваат секоја година е мал - околу 40 годишно во Азија, според музејот Смитсонијан во Вашингтон.

Нивното природно живеалиште обично е во областите на Азија, од Кина до Јапонија, но во 2019 година, во Северна Америка беа видени неколку примероци на стршни-убијци.

URL

Кошница на овие опасни инсекти беше уништено на островот Ванкувер, Канада, во декември минатата година.

Активистите за животна средина и научниците генерално се длабоко загрижени за падот на бројот на инсекти во светот.

URL

Но, може да се дозволи да се убијат некои инсекти ако се инвазивни видови - оној што не е вообичаен во некоја област и лови други инсекти таму.

Медните пчели се под закана од истребување поради губење на пределите од каде наоѓаат храна, уништување на нивните живеалишта, употребата на пестициди и болести.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Вести

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Read more

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Читај повеќе

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе