Уништени околу 170 килограми дрога во Дрисла

Скопје, 19 декември 2018 (МИА) – Околу 170 килограми разни видови дроги и психотропни супстанци се уништени денеска во регионалната депонија Дрисла.

Уништени се околу 128 килограми марихуана, околу шест и пол килограми хероин, околу 20 килограми хашиш, околу половина килограм кокаин, растенија и семки од канабис, како и  амфетамини, потоа синтетичка дрога екстази и други прекурсори и психотропни супстанци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Министерот Спасовски, кој присуствуваше на уништувањето, изјави дека во делот на сузбивањето на недозволеното тргување со дрога Министерството за внатрешни работи во континуитет презема интензивни оперативни мерки и активности и дека годинава статистички гледано бележиме пораст на бројот на расветлени кривични дела од оваа област.

– Министерството за внатрешни работи, односно организационите единици директно одговорни за сузбивање на овој крајно опасен криминал ќе продолжат бескомпромисно, врз основ на законските надлежности и должности, да го сузбиваат овој криминал, рече министерот Спасовски.

Според аналитичките податоци, се наведува во соопштението од МВР, за периодот од почетокот на 2018 година заклучно со крајот на месец ноември откриени се вкупно 681 кривично дело од оваа област, а од нив 582 кривични дела се класифицирани како  “неоовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“, за што пак кривично беа пријавени 674 сторители. Останатите 99 кривични дела се подведени под казненениот член  – “овозможување на употреба на наркотични дроги“, и по однос на нив кривично пријавени се  104 сторители.

Во рамки на овие активности за сузбивање на трговијата со дрога откриени и спречени се и осум меѓународни канали за шверц на дроги.

Уништената дрога, информираат од МВР; потекнува од кривичните дела недозволено тргување со опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори што полицијата ги расветли во изминатиот период, а за кои кривични дела надлежните судсови веќе донесоа правосилни судски пресуди. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Хроника

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе