УНХЦР предупредува на ризик од вакцинациски јаз за лицата без државјанство

Скопје, 22 јуни 2021 (МИА) – Многу од лицата без државјанство во светот може да не добијат вакцина како резултат на немањето државјанство или доказ за својот идентитет, предупредува денеска Агенцијата на ОН за бегалци – УНХЦР.

Според шефицата за Меѓународна заштита при УНХЦР, Џилијан Тригс, постојат милиони лица во светот за кои се знае дека се без државјанство,

– Ова има страшно штетни влијанија врз нивните основни човекови права, а сега тие исто така може да бидат исклучени од пристапот до вакцините што спасуваат животи, вели Тригс.

Во последниот извештај за влијанието на КОВИД-19 врз популациите без државјанство, Агенцијата забележува дека мнозинството национални планови за имунизација не обезбедуваат јаснотија околу покривањето на лицата без државјанство.

УНХЦР предупредува дека многу лица кои немаат државјанство или лични документи ќе бидат исклучени доколку државите не направат особени напори да стигнат до нив и да ги премостат специфичните предизвици со кои овие лица редовно се соочуваат.

– Во интерес на заштитата на животите на луѓето и осигурување на јавното здравје, националните вакцинациски планови мораат да се спроведат на што е можно поинклузивен начин. Со оглед на тоа дека многу лица без државјанство веќе се соочуваат со широкораспространето исклучување и маргинализација, пречките до пристапот мораат да се отстранат и оваа ситуација да добие особено внимание, рече Тригс, се вели во соопштението од УНХЦР.

Од УНХЦР, исто така, посочуваат дека од почетокот на пандемијата, многу лица без државјанство продолжуваат да се соочуваат со потешкотии во пристапот до здравствена заштита и социјални услуги.

УНХЦР, која има формален мандат во ОН да го спречи и намали бездржавјанството и да ги заштитува лицата без државјанство, знае за постоењето на светска популација од најмалку 4,2 милиони лица без државјанство во 94 држави. Како резултат на невидливата природа на оваа тематика, се верува дека реалната бројка е значително повисока.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе