Unlimited Future: Нова инспиративна реклама на Nike
Во новата реклама на Nike ги гледаме познатите спортисти претставени како бебиња. Меѓу нив се ЛеБрон Џејмс, Серена Вилијамс, Нејмар, Мо Фарах и други. Рекламата е направена од агенцијата Wieden + Kennedy.
Бебињата во реклама слушаат инспиративен говор за успехот, мотивацијата и борбеноста. Шампионите не се родени како шампиони, тие се родени како бебиња, е мотото на оваа инспиративна и слатка реклама.