Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии

Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни избори и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија, откако денеска ги разгледа и одлучуваше и по последните четири тужби.

– Одлуките се одбивателни. Сите четири тужби коишто денеска беа разгледувани и одлучувани. ВМРО-ДПМНЕ две, една Демократи и една Единствена Македонија, тужбите се одбиени и се потврдени решенијата од ДИК, изјави денеска Ивана Смугреска од Управиот суд.

Пресудите коишто ги донесе Управниот суд се конечни, односно како што појасни Смугреска, против истите нема право на жалба.

– Откако ќе бидат изготвени, верификувани пресудите истите веднаш се доставуваат до ДИК и до тужителите, односно до партиите. Роковите сега течат, не од понеделник, изјави Смугреска.

Појасни дека судечките совети нашле дека тужбите се неосновани, односно се судело врз основа на Изборниот законик, одредбите во Изборниот законик, така што во тужбите не може да се предлагаат нови докази, нови околности.

– Може да се предложат истите докази, факти и околности коишто биле предложени пред ДИК, тоа е предвидено во Изборниот законик, така што Управниот суд постапува во рамките на своите законски надлежности и нашол дека тужбите се неосновани, изјави Смугреска. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе