Филм & ТВ

„The Upside“ го симна „Aquaman“ од врвот на бокс-офисот

14. јануари 2019 - 12:14 | Б.С.Б.

Филмот „The Upside“ со Кевин Харт и Брајан Кренстон ги надмина очекувањата и го освои бокс-офисот со заработка од 19.6 милиони долари од премиерното прикажување во текот на изминатиот викенд.

Со тоа „Aquaman“ се најде на второто место, со заработка од 17.3 милиони долари. На трето место е премиерното прикажување на „A Dog’s Way Home“ со 11.3 милиони долари.

Ова е целосната листа на најгледани филмови во Северна Америка, во текот на изминатиот викенд:

1. „The Upside,” 19.6 милиони долари

2. „Aquaman,” 17.3

3. „A Dog’s Way Home,” 11.3 

4. „Spider-Man: Into the Spider-Verse,” 9 

5. „Escape Room,” 8.9 

6. „Mary Poppins Returns,” 7.2

7. „Bumblebee,” 6.8 

8. „On the Basis of Sex,” 6.2

9. „The Mule,” 5.5 

10. „Vice,” 3.3 милиони долари.

Коментирај