Свет

Ураганот Флоренс меѓу десетте најскапи во САД досега

23. септември 2018 - 10:57 | МИА

Вашингтон, 23 септември 2018 (МИА) - Економската штета од ураганот Флоренс изнесува 44 милијарди долари, проценува компанијата „Мудис“.

Според компанијата, штетата е еквивалентна на земјотресот што го погоди Нортриџ во Калифорнија во 1994 година.

Компанијата додава дека ова е прелиминарна проценка, дополнувајќи дека „Флоренс" е меѓу десетте најштетни урагани.

Ураганот Катрина во 2005 година предизвика најголема штета, во вредност од 192,2 милијарди долари,  додека минатогодишниот ураган Харви нанесе 133,5 милијарди долари економска штета.

Коментирај