Најмалку едно лице починало откако ураганот Марија направил хаос на францускиот остров Гвадалупе, соопштија функционерите.
Тоа е првата потврдена жртва од силниот ураган кој поминува преку источните Кариби. Како што прецизирале од локалната управа, лицето страдало откако врз него паднало дрво.
Пријавено е и исчезнување на две лица откако нивниот брод потонал кај најисточниот остров на архипелагот на француската територија Ла Дезирад, кој е под управа на Гвадалупе.
Ураганот наречен Марија е втората силна бура која ги погоди Карибите овој месец.