Ураганот Офелија опасност и за Европа

Ураганот Офелија, кој се формираше над Атлантикот, може да погоди делови од Европа, јави американската специјализирана телевизија за временска прогноза „Weather Channel“.

Според информациите, Офелија би можела уште викендов да стигне до португалските Азурски Острови, по што, би требало да дојде до Ирска.

„Офелија е веќе десеттата бура оваа сезона во Атлантикот која добила име, што не се случило од 1893 година“, изјави метеорологот Фил Клоцбах, експерт за тропски бури кој работи на Универзитетот во Колорадо.

Исто така, Офелја најверојатно ќе биде само 15-ти регистриран ураган кој стигнал до Азурските Острови од 1851 година.

Американскиот Национален центар за урагани прогнозира дека Офелија до понеделник, патувајќи бавно кон североисток, западно од Пиринејскиот Полуостров ќе стане пост-тропски циклон, но сепак може да развива урагански ветрови.

Жариштето на бурата би требало да остане далеку од копното, но нејзините рабови, токму кога ќе преминува од тропска бура во пост-тропски циклон, ќе донесат силен ветар и пороен дожд на западниот брег на Шпанија и Португалија.

Тоа досега, откако се вршат мерења, е регистрирано само двапати – во октомври 1842 и во октомври 2005 година, кога двете држави ги погодија остатоците од ураганот Винс, кој потоа стана тропска депресија.

Британскиот метеоролошки институт, преку Метеоалармот веќе издаде жолти предупредувања поради силниот ветер што се очекува во Шкотска, Велс и западна Англија. Метеоролозите во Ирска, исто така, издадоа жолти предупредувања за целата држава.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе