Секој уред од Samsung Galaxy кој го имате претставува производ со истакнат квалитет и одличен дизајн, но истите тие штом ги поврзете еден со друг, пред вас се отвора светот на Samsung Galaxy екосистемот кој ви нуди беспрекорно и привлечно искуство со повеќе уреди. Овие карактеристики на екосистемот можат да го направат корисничкото искуство интуитивно, притоа нудејќи ниво на контрола врз нивните уреди можно само поради нивниот интегриран софтвер и хардвер.

Паметните телефони, лаптопи, таблети, паметни часовници од Galaxy линијата нудат континуитет и работејќи заедно ви овозможуваат да ја максимизирате вашата продуктивност и да ја проширите креативноста и имагинацијата. Последната линија на уреди неодамна претставени од Samsung воодушевија со извонредните иновации во телефоните на преклоп Galaxy Z Flip5 со најголемиот надворешен екран досега на flip телефон на преклоп, и Galaxy Z Fold5, најлесниот и најкомпактен Galaxy fold досега; како и со новите паметни часовници Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic кои овој пат доаѓаат со уште понапредни функции за вашата добра форма и здравје, и новата серија Galaxy Tab S9 која поставува нови стандарди во категоријата премиум таблети со моделите Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+ и Galaxy Tab S9 Ultra. Корисниците на уреди од Samsung Galaxy веќе знаат дека нивниот телефон, таблет, часовник се дизајнирани да работат беспрекорно заедно и да ја подобрат нивната секојдневна употреба, уживајќи во едно навистина посебно и моќно искуство во еден екосистем.

Поврзете се поради работата, здравјето и забавата
Искуството поврзано со Galaxy е совршено за сите кои користат повеќе уреди истовремено додека работат. Без проблем ќе можете да ги извршувате професионалните обврски, да креирате, да организирате и уредувате содржини додека брзо и лесно се префрлате помеѓу уредите. Од вашиот телефон Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5 со опцијата QuickShare, веднаш ќе можете фајловите кои тукушто ги добивте на маил, да ги видите на големиот екран од вашиот таблет Galaxy Tab S9 и полесно и попрегледно да ја изработите на задачата. Или пак, вашиот паметен часовник Galaxy Watch6, кој воедно е ваш персонален спортски тренер и ги следи вашите спортски или рекреативни активности, или ваш асистент за добар сон и благосостојба, можете веднаш да го поврзете со телефонот или таблетот, и да имате т.н. извештај како напредувате со зададените цели кои се однесуваат на вашето здравје.

Работите онлајн и честопати имате онлајн состаноци кои вклучуваат видео разговори? Вашите слушалки Galaxy Buds2 Pro веднаш се поврзуваат преку со вашиот паметен телефон или таблет. Но, целата идеја за поврзаност во Galaxy екосистемот ги вклучува и моментите кога се забавувате, па така со часовникот Galaxy Watch6 исто така можете од далечина и да фотографирате – само поврзете го со вашиот Galaxy Z Flip5 и од вашиот зглоб ќе можете да зголемувате или намалувате и со еден допир на часовникот да сликате. Совршено решение за сите оние кои уживаат во правење селфи или групни фотографии за да го зачуваат секој важен и убав момент.
И секако, од вашиот зглоб да праќате пораки, да примате и остварувате повици – исто како да го правите тоа од телефонот со кој вашиот часовник е поврзан. Кога станува збор за фотографирање или правење видео клипчиња, лесно ќе можете истите да ги префрлувате помеѓу уредите, како на пример од вашиот Galaxy Z Flip5 на Galaxy Tab S9, за да ги уредувате полесно, да ги организирате и да создавате содржини и креации.
Додека гледате филм или серија на вашиот телефон Galaxy Z Fold5 или таблет или пак додека гејмате, аудио искуството ќе ви биде единствено ако ги поврзете Galaxy Buds2 Pro слушалките со вашиот телефон и таблет, со тоа што тие автоматски се појавуваат на вашите уреди со само еден допир.
Моќта на поврзаноста на Samsung екосистемот е создадена да ви го олесни животот во многу сегменти, да ви го поедностави секојдневието, а кога станува збор за забава – да ви овозможи врвно искуство на своите уреди.
Искористете ги предностите на промоциите кои се во тек при купување на нов Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5
Одлучете се сега за Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5 и искористете го промотивниот период да добиете до 4 месеци бесплатен YouTube Premium пакет на вашиот телефон и гледајте ги вашите омилени содржини, не само без реклами, туку и без wi-fi мрежа. А ако сте од оние корисници на кои секогаш им е потребен поголем простор за складирање во телефонот, тогаш можете да ја искористите промоцијата за шестмесечна бесплатна услуга за складирање на облак од 100 GB меморија, безбедна е-пошта без реклами и пристап до бесплатна поддршка од Microsoft.

Повеќе информации за уредите Samsung Galaxy прочитајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/
https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-classic-43mm-silver-bt-sm-r950nzsaeuc/
https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/
https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-wi-fi-graphite-128gb-sm-x710nzaaeuc/
https://www.samsung.com/mk/audio-sound/galaxy-buds/galaxy-buds2-pro-bora-purple-sm-r510nlvaeuc/

*Промотивен текст