Урко не дојде да сведочи за „Тенк“

Скопје, 23 април 2018 (МИА) - Во Кривичниот суд денеска се одржува ново рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. 

Во Судот иако беше најавен не дојде да сведочи Дејан Митревски - Урко, кој беше еден период шеф на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски.

Одбраната на Груевски не беше информирана зошто Урко не се појави во Судот, поради што судијката Добрила Кацарска побара да го повикаат во текот на денот затоа што во спротивно може да биде отповикан како сведок.

Во судницата се присутни останатите сведоци, освен еден кој бил на службен пат.

Прв пред Судот денеска сведочи Виктор Белевски, вработен во МВР од 2002 до 2006 година. Тој бил шеф на обезбедувањето на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Белевски рече дека меѓу возилата кои ги имале за вип личности имало еден мерцедес од 1998 година, кој цело време имал дефекти. Додаде дека имал вербална расправија со министерката Јанкулоска, бидејќи барал возилото да се повлече, а таа инсистирала да се користи бидејќи немало друго.

Сведокот рече дека не успевале да излезат во пресрет на потребите за безбедност на странските делегации, бидејќи возилата долго време биле на поправка.

Обезбедувањето, како што додаде Белевски, барало да се повлечат старите и да се набават нови возила.

Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Пред две рочишта Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“.

На минатото рочиште повеќе од пет часа исказ даваа 11 сведоци на одбраната. Тие посочија дека набавката на новиот „мерцедес“ била неопходна, бидејќи старото возило често останувало во дефект и не било безбедно за превоз на „вип“ личности. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе