Урнебесни пародии од фотографии на славни личности на Instagram
Австралиската кралица на комедијата, Селест Барбер, континуирано ги имитира фотографиите што славните личности ги објавуваат на социјалните мрежи. Нејзините фотографии дефинитивно се подобри од оригиналот.
Селест има над 7.6 милиони обожаватели на Instagram и над 3 милиони на Facebook. Таа е актерка, комичарка и писателка, но има и талент за имитирање. Нејзините урнебесни пародии од славните ќе ве насмеат до солзи.