Колку им е важно на аргентинските навивачи освојувањето на шампионската титула говорат и нивните урнебесни тетоважи направени специјално за овој посебен момент.
На социјалните мрежи се објавени неколку тетоважи на аргентинските навивачи, за кои нема дилема дека се направени по СП во Катар.
Најинтересна тетоважа е онаа на навивач кој го обележал моментот кога на голманот Емилиано Мартинес му е врачена наградата за најдобар голман на турнирот.
Мартинес доби Златна ракавица која потоа ја стави на меѓуножјето и предизвика разочарување кај повеќето обожаватели кои во живо го следеа моментот.
Сепак, еден од навивачите одлучи да го одбележи овој непримерен потег и направи тетоважа во негова чест.
Друг навивач на Аргентина е уште „покреативен“, па ги тетовираше резултатите од секој натпревар во Катар.