Урнебесно видео на српскиот претседателски кандидат Бели
Можеби сте ја пропуштиле оваа политичка вест поради Брегзит и Трамп. Лук Максимовиќ (25) реши да се кандидира како пародичен лик на претседателските избори во Србија, наречен Љубиша Прелетачевиќ-Бели.
Ликот, кој обично носи огромен златен часовник, бел костум и крзнена бунда, оди по улици и ветува работни места и пари во замена за гласови. Неговата кампања под слоганот „Само јако!“ е нешто сосема ново и поинакво. Според завчерашната анкета, тој има втор највисок рејтинг од кандидатите за изборите што ќе се одржат во недела.
Максимовиќ, студент кој сака да биде ТВ-водител, само се надева дека ќе ги положи испитите.
„Ќе станам претседател пред да завршам факултет“, вели тој.