Славниот Усеин Болт го постигна првиот погодок како професионален фудбалер во пријателскиот меч меѓу Централ кост маринерс и Маркатур јунајтед. Неговиот тим славеше со резултат од 4:0, од кои два голa даде токму Болт.
Тој го постигна својот прв погодок во 57 минута од натпреварот, кога со силен удар со левата нога ја погоди мрежата на голманот.
Во 69 минута Болт го постигна и вториот погодок откако ја искористи големата грешка на противничката одбрана и на голманот и лесно успеа да даде гол.