Авто новости

Усеин Болт го претстави неговиот прв електричен автомобил

20. мај 2019 - 11:52 | А.С.

Откако се докажа во областа на спортот, Усеин Болт се обидува да ја освои и автомобилската индустрија.

Следејќи ги светските трендови, јамајканскиот атлетичар се одлучи за електрични возила.

Најбрзиот човек на светот и неколкукратен победник на 100 и 200 метри, не се одлучи за создавање на најбрзиот автомобил, но затоа овој модел може да се покаже како најпрактичен.

Секако, Болт не е инженер, за автомобилот се погрижи неговата компанија Bolt.

Автомобилот го доби името Bolt Nano. Беше претставен на саемот Vivatech во Париз и следеше откако Болт ја претстави својата линија електрични скутери и ромобили.

Автомобилот има место за возач и совозач, а благодарение на неговата компактност лесно се снаоѓа во урбани услови. На пример, на едно паркинг место може да сместите четири вакви автомобили.

Техничките детали засега се чуваат во тајност, но познато е дека ќе може лесно да се менува батеријата и дека почетната цена на Bolt Nano ќе биде 9.999 долари.

Коментирај