Усеин Болт во нов клуб, овојпат во Норвешка

Драмен, 30 мај 2018 (МИА) -  Легендарниот атлетичар од Јамајка, Усеин Болт не се откажува од фудбалската кариера и сега тренира со норвешкиот прволигаш Стремсгодсет.

Најбрзиот човек на светот прво тренираше во дресот на јужноафриканскиот клуб Мелоди Сандоунс, потоа во март проба и со фудбалерите на Борусија од Дортмунт, а последните денови на мај тренира во Норвешка.

Јамајканскиот атлетичар со Стремсгодсет ќе игра против репрезентацијата на Норвешка до 19 години, а ќе биде и капитен на тимот на ѕвезди на хуманитарниот натпревар на 10 јуни против познатите фудбалери на „Олд Трафорд“.

„Можеби клубот ќе ги види моите можности и ќе ми даде шанса“, изјави 31-годишниот Болт, кој се повлече од атлетиката минатата година по Светското првенство во Лондон.

Според директорот на Стремсгодсет, Јостеин Фло, присуството на освојувачот на осум златни медали на Олимписките игри претставува голема инспирација за играчите, тренерите и за клубот во целина.

„Тој е одличен фудбалер, инаку немаше да тренира со нас. На играчите им кажавме дека доаѓа нов играч и дека е многу брз, но кога се отвори вратата беа многу изненадени. Тоа беше шок за нив и не можеа да поверуваат“, истакна Фло.

Болт во норвешкиот клуб го доби дресот со број 9,58, што е време на неговиот светски рекорд на 100 метри.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе