Уште 3.885 активни случаи во земјата, вкупно хоспитализирани 419

Нови 241 случај позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 1.700 тестирања, со што вкупната бројка од почетокот на епидемијата се искачи на 9.026. Во претходното деноноќие починаа 8 лица. Заклучно со вчерашните, досега починаа 414 пациенти. Вчера беа регистрирани и 51 оздравено лице, со што бројот на оздравени сега е 4.727. Активни случаи има 3.885. Во моментов вкупно хоспитализирани во целата држава се 419 пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 84.916 тестирања на COVID-19.

Во претходното деноноќие беа регистрирани 8 смртни случаи. Починатите лица се по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години. Во ГОБ „8 Септември“ починаа четворица пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76-годишни пациенти. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 66 години.

Од новите 241 ковид дијагностицирани најмногу се од Скопје 73,  Штип 60, Тетово 32, Гостивар 14, Куманово 10, Кочани 8, Гевгелија 6, Прилеп и Свети Николе по 5, Струмица 4, Струга, Радовиш и Крива Паланка по 3, Охрид, Кичево, Демир Хисар по 2 и по 1 случај е регистриран во Дебар, Велес, Крушево, Пробиштип, Виница и Кратово.

Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравено лице од кои Скопје 40, Битола, Пробиштип, Демир Хисар и Кичево по 1 и Ресен 7.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.885. Најмногу активни се во градот Скопје 1.868, следи Тетово со 325, Штип 272, Куманово со 238, Гостивар 190, Струга 170, Свети Николе 169, Охрид 116, Дебар 111, Кичево 80.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на COVID-19 и 7 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 87 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент позитивни и сомнителни на COVID-19.

Во светниколската конфекција „Мода“ вкупниот број заразени работници изнесува 53 откри скринигот, кој го направи компанијата. Директорот на „Мода“ АД Свети Николе, Ангел Димитров вчера изјави дека во скринингот во кој компанијата самата инвестираше биле опфатени вкупно 620 работници, а претходно 200 биле изолирани или седеле дома поради владините мерки за чување деца до 10 години, хронични заболувања или бремени жени. Според здравствената состојба на заразените 80 отсто од нив се асимптоматски, додека потешки случаи се хоспитализирани во регионалните ковид центри во Штип и Велес.

Директорката на Центарот за јавно здравје - Штип, Марија Димитрова, вчера соопшти дека покрај штипската конфекција, коронавирусот веќе е влезен и во Домот за стари лица во Радовиш. Позитивни на вирусот се двајцата вработени и три лица корисници на услугите во овој дом.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе