Уште девет членки на ЕУ се потпишаа на писмото со кое се бара преговори за С. Македонија во март

Брисел, 22 ноември 2019 (МИА) – Писмото на шесте земји испратено минатата недела до Европската Комисија во кое се бара почеток на преговорите со Албанија и Северна Македонија во март 2020 година се збогати со потписите на уште девет други држави членки на ЕУ, јавува дописничката на МИА од Брисел.

На Австрија, Италија, Словенија, Словачка, Полска и Чешка од вторникот им се придружија и Бугарија, Естонија, Грција, Унгарија, Ирска, Летонија, Литванија, Малта и Португалија и го додадоа својот потпис на писмото до Европската Комисија во кое се дава согласност за реформа на методологијата на преговарачкиот процес доколку тој овозможи отворање на пристапните преговори за членство со Скопје и Тирана во март 2020.

Писмото доаѓа како своевиден одговор на иницијативата на Франција предложена минатата недела да се измени процесот на преговарање за земјите кандидати пред да се продолжи со политиката на проширување.

За потсетување, писмото, сега потпишано од петнаесет земји, потсетува на важноста на процесот на евроинтеграција за земјите од западниот Балкан и нагласува дека консолидацијата на Европската Унија е невозможна без вклучување на земјите од регионот, како и дека процесот на ЕУ интеграција најдобро може да обезбеди успешен реформски процес на Балканот.

-Нема одржлива алтернатива за полноправното членство на земјите од западниот Балкан во ЕУ ако сакаме ефикасно да ги сочуваме интересите на регионот. Точно е дека сегашниот пристапен процес на западниот Балкан бавно и нееднакво напредува. Поради тоа сме подготвени конструктивно да се ангажираме во напорите за подобрување на овој процес. Тоа ќе го сториме доколку оваа задача се води на ефикасен начин, свртен кон добивање резултати и доколку тоа и овозможи на ЕУ да ги започне преговорите со Албанија и Северна Македонија во март 2020-та, бараат петнаесетте земји членки на Унијата.

Со зголемувањето на бројот на потписници на ова писмо, мнозинството земји членки застануваат зад оваа иницијатива и бараат преговорите да започнат во март идната година.

Земјите членки ќе се навратат на оваа дискусија за време на идните министерски состаноци за општи работи на ЕУ кои се одржуваат еднаш месечно, но потребно е новиот состав на Европската Комисија да почне со работа за да може да поднесе предлог до земјите членки на ЕУ, врз чија основа тие би можеле да изградат компромис по ова прашање.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Read more

Без вода дел од Карпош

Read more

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Read more

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Читај повеќе