Уште два дена кампања, партиите и денеска пред граѓаните ќе ги претстават своите програми

Предизборната кампања завршува утре во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк. Уште денеска и утре политичките партии и коалициите учесници во предвремените парламентарни избори ќе имаат средби со граѓаните на кои им ги презентираат своите изборни програми со кои сакаат да ја добијат нивната доверба на 15 јули. Сите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, развој на економијата, подобар животен страндард за сите.

Караванот на коалицијата „Можеме“ денеска ќе ги посети општина Кавадарци и општина Јегуновце, а пак претставници на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ општините Ранковце, Кратово и Крива Паланка.

Според, најавите Демократскиот сојуз ќе го одржи VI-иот Конгрес, на кој ќе се расправа за приоритетите на Демократскиот сојуз во наредниот четиригодишен период, како и за предизборните активности, а во Охрид Граѓанско демократската унија – ГДУ организира трибина „Разговор под дрвото“.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа на предизборниот собир на коалицијата „Можеме“ во Скопје порача дека нудат прав пат за државата, кој, како што потенцира значи ЕУ и НАТО, значи грижа за сите, значи заштита од COVID – 19, економски раст и повеќе пари за секого.

– Убаво е слободно Скопје коешто верува дека одиме по правиот пат, Скопје кое што знае дека прав пат е грижа за сите, грижа за сите која што ја покажавме на дело во изминатите три години. Грижа за најсиромашните, грижа за помалку бројните етнички заедници, грижа за жените, грижа за лицата со посебни потреби, грижа подеднакво за сите, нашиот главен град Скопје знае дека е на правиот пат затоа што имаме вистинска развојна македонска економија, затоа што покажавме дека кога се решаваат најкрупните прашања можеме да водиме грижа за нашата економија, рече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера од Делчево рече дека на 15 јули се одлучува во каква Македонија сакаме да живеееме, понижена Македонија или горда Македонија. Затоа порача, Мицкоски, да гласаме за реден број 14 и за „Обнова на Македонија“.

-За само две и пол години веќе зборуваме за нив, затоа што верувавме во тоа што го работиме. За тоа време имаше понекоја критика, некој ќе кажеше зошто сте млаки, зошто молчите, сега треба да нападнеме. Во тоа време ќе беше најлесно да влезе во битка каде целта и завршницата ќе бидат неизвесни. Но одлучивме напорно да работиме и благодарејќи на поддршката која ни ја дадовте дојдовме до целта да собориме ненародна власт предводена од Зоран Заев, рече тој.

Синоќа од Тетово лидерот на ДУИ Али Ахмети порача дека како партија ѝ помогнале на државата да тргне по прав пат и оти сега отвораат нови поглавја.

-Ние имаме достоинство и со сите поглавја што сме ги отвориле на екононски план, со влезот во НАТО, евроинтерграција. Но, јас не сакам да се заборави оваа навреда што денеска ја слушнав и се шокирав. Навредата за „пет пари“ многу боли, но сме поминале многу, УДБА и удбаши и многу неправди, ние нема од што да се плашиме имаме ориентација и цел и сакаме да ја реализираме. Затоа ќе им покажеме на 15 јули и да видат кои сме ние, истакна Ахмети.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива чии претставници синоќа под мотото „Сега е времето“ одржаа средба со граѓани во Гостивар од каде испратија порака дека ќе се залагаат за едно општетсво за сите и еднакви права и можности за сите. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе