Филм & ТВ

Уште еден актер обвинет за силување: „Ме гушеше додека не се онесвестив“

6. декември 2017 - 19:29 | А.С.

Листата актери и клучни лица во шоубизниот кои се соочуваат со обвиненија за сексуално вознемирување и силување расте речиси секојдневно.

Бранот обвиненија почна со тврдења против акетрите Дастин Хофман и Кевин Спејси, продуцентот Харви Вајнстин, комичарот Луи Си Кеј, новинарот Чарли Роуз, а сега продолжува со уште едно познато име од ТВ-сериите.

Актерот Дени Мастерсон, најпознат по улогата на Хајд во популарната ТВ-серија „That 70’s Show“, доби отказ од серијата „The Ranch“ откако четири жени го обвинија за силување.

Актерот сними две сезони од серијата, но по обвиненијата, веќе за него нема место во екипата.

„Продуцентите на серијата ‘The Ranch’ го отпишаа ликот на Дени Мастерсон од третата сезона. Вчера му беше последен ден на работа“, соопштија од Netflix.

Дури три од четирите жени кои го обвинуваат Мастерсон за силување, се исто како и него, припаднички на Сиентолошката црква.

Прва го обвини поранешната девојка Криси Карнел Бриксел која тврди дека Мастерсон ја силувал во почетокот на 2000 година, кога биле во врска. Во изјавата што ја даде во полиција, таа вели дека актерот наводно ја силувал додека била онесвестена. Сфатила што се случува дури откако се разбудила.

„Тогаш ме фати со рацете околу врат и ме гушеше додека не се онесвестив повторно“, тврди Бриксел.

Неговиот случај прва го пријави Лиа Римини, актерка која жестоко ја напаѓа Сиентолошката црква во која и таа била членка. Таа тврди дека полицијата не презема ништо бидејќи го штити црквата.

Актерот ги негира сите обвиненија:

„Никогаш не сум бил обвинет, па не осуден за какво било злодело. Во оваа земја си невин додека не се докаже спротивното. Меѓутоа, во оваа ситуација и во овие околности, се чини дека си виновен од моментот кога си обвинет. Тоа се бесмислени лаги и одвај го чекам моментот кога ќе си го обелам името.“

Коментирај