Наука

Уште еден астероид со големина на куќа ќе помине вечерва покрај Земјата

19. октомври 2017 - 15:18 | Кајгана

Во 19:53 часот по наше време покрај Земјата ќе помине уште еден астероид со големина на куќа.

Откако на 12-ти октомври астероид со слична големина помина ан само 42.000 км покрај Земјата, вечерва астероидот ќе помине на малку поголемо растојание, но ова во астрономски мерења сепак е многу блиску.

Астероидот 2017 TD6 ќе помине покрај Земјата на растојание од 191.000 км и нема да претставува опасност за нас. За споредба, Месечината е оддалечена од Земјата на 384.400 км, што значи дека астероидот ќе помине на речиси половина од тоа растојание.

Пречникот на астероидот е 20 метри, проценија стручњаците на НАСА.

Коментирај