Кошарка
ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КИНА 2019

Уште еден пех за САД, Кал Лаури не патува за Кина

13. август 2019 - 12:34 |

Од репрезентацијата на САД отпадна и плејмејкерот кој со Торонто стана шампион на НБА откако не успеа да се опорави од повредата на коленото.

Лаури минатиот месец го оперираше коленото на левата нова и не успеа на време да се опорави па отпадна од списокот на патници за претстојниот Мундијал во Кина.

„Очекував дека ќе успеам да се рехабилитирам, но лекарите ми рекоа дека сѐ уште не смеам да играм. Уживам да играм за репрезентацијата, но овој пат мора да откажам. Од дома ќе навивам за моите соиграчи“, се обрати кошаркарот преку својот Instagram профил.

Откажувањето на Лаури е последно од низата кои му создаваат главоболки на селекторот Грег Попович. Најпрво Леброн Џејмс уште во април го откажа настапот, а потоа следеа Џејмс Харден, Ентони Дејвис и Кавај Ленард. Неизвесен е и Маркус Смарт кој има проблеми со задната ложа.

Репрезентацијата на САД моментално е на подготовки во Калифорнија каде в петок во Анахaјм ќе одигра пријателска со Шпанија. Потоа ќе се упати кон Австралија на последните контроли против домаќинот и Канада пред заминувањето за Кина.

Коментирај