Пет земјотреси ја погодија областа меѓу Аморгос и Санторини во текот на ноќта, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Најсилниот земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала се случи утринава во 3 часот и 14 минути на 24 километри југоисточно од Аморгос, пишува Η Καθημερινή.
Потоа следеа уште четири помали земјотреси со јачина од 4, 4,6, 4 и 4,1, кои беа регистрирани во периодот од 3:35 до 4:23 часот.
Во 6:21 часот е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,1 степени на 230 километри југоисточно од Атина.
Оваа серија земјотреси е дел од тековната сеизмичка активност која започна на почетокот на февруари.
Од 1 февруари, повеќе од 1.100 земјотреси се регистрирани во регионот на Кикладите, од кои најсилниот беше со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Поради континуираната сеизмичка активност, училиштата на Санторини, Анафи, Аморгос и Јос се повторно затворени оваа недела.
Научниците продолжуваат да предупредуваат дека сеизмичката активност може да продолжи со месеци и дека не ја исклучуваат можноста за голем земјотрес, како и помали вулкански ерупции во областите Неа Камени или Колумба.