Манчестер Јунајтед доживеа нов пораз, седми оваа сезона на домашен терен во Премиер лигата. Вчера на „Олд Трафорд“ победија фудбалерите на Кристал Палас победија со головите на Жан-Филип Матета со 2:0.

Покрај поразот, Манчестер Јунајтед, се чини на подолг период остана без Лисандро Мартинес.
Аргентинецот ја напушти играта во 82. минута, а првичните информации од Островот говорат дека коленото му е тешко повредено.
„Ќе знаеме сѐ во следните неколку дена, но се чини дека повредата е многу сериозна. Лисандро не само што е одличен играч, туку човек, кој ни значи многу во соблекувалната“, изјави Рубен Аморим, тренерот на Јунајтед.
Лисандро сезонава одигра 20 натпревари за Јунајтед и постигна 2 гола. На „Олд Трафорд“ дојде од Ајакс во 2022 година за 57,4 милиони евра.