Уште една мистериозна смрт на новинар во Русија

Руски новинар кој истражуваше и известуваше за смртните случаи на руски платеници во Сирија почина во болница откако мистериозно падна од петтиот кат на зградата во која живееше.

Соседите го нашле Максим Бородин (32) пред зградата и со тешки повреди веднаш бил префрлен во болница каде подоцна починал.

Локалната полиција рече дека не е најдено проштално писмо, но и дека е мала веројатноста дека се работи за убиство.

Вишеслав Башков, близок пријател на Бородин, рече дека новинарот ден претходно му рекол дека некој го следи и го опиша Бородин како „принципиелен и искрен човек“.

Тој додава дека на 11 април Бородин му се јавил во околу 5 часот утрото и му рекол дека на терасата стои човек со оружје во раце, а во ходникот и на скалите во зградата има луѓе во маскирни униформи.

Подоцна пак му се јавил и му рекол дека погрешил и дека униформираните лица изведувале некаква вежба.

Полицијата вели дека влезната врата на станот на Бородин била заклучена одвнатре и дека никој не влегол, ниту излегол од станот пред тој да „падне“ од терасата.

Главната уредничка на „Новог дана“ каде работеше Бородин, откако тој беше однесен во болница изјави дека не ја исклучува можноста да се работи за напад бидејќи според неа, Бородин немал причини да си го одземе животот.

За што пишуваше Бородин?

Во последните неколку недели Бородин известуваше за руските платеници во Сирија познати како „Групата Вагнер“. Тие, како што беше јавено, загинале во Сирија на 7 февруари кога се судриле со американските воени сили.

Директорот на ЦИА Мајк Помпео рече дека во изминатите недели „стотици Руси“ загинале во судири во Сирија. Платениците наводно учествувале во нападот што го организирале борци наклонети на сириската влада.

Русија призна дека неколку десетици државјани на Русија загинале или биле ранети во Сирија, истакнувајќи дека не се работи за припадници на регуларната руска војска.

Бородин пред еден месец објави дека тројца од загинатите борци се по потекло од Свердловска област чиј главен град е Екатеринбург.

Новинарот претходно изветуваше и за политички скандали, вклучувајќи го обвинението на белоруската ескорт дама Настја Рибке во видеоклипот што на интернет го сподели лидерот на руската опозиција Алексеј Навални.

Новинарството е опасна професија во Русија

Во изминатите неколку години зачестија нападите на новинари во Русија. Истиот ден кога загина Бородин, беше нападнат уредник на регионален весник во Екатеринбург.

Државата контролира голем дел од медиумите во Русија која се наоѓа на 83. место на листата на организацијата Фридом хаус за степенот на слобода на медиумите.

Една од најпознатите руски новинарки Ана Политковска беше убиена во 2006 година со огнено оружје, во зградата во која живееше. Таа пишуваше за кршењето на човековите права во Чеченија.

Две години подоцна, новинарот Михаил Бекетов претрпе мистериозно оштетување на мозокот и почина во 2013 година. Тој пишуваше за корупцијата во земјата и се бореше против планираната изградба на автопат во близина на Москва.

Олег Кашин, кој известуваше за истиот случај, беше тешко повреден во Москва во 2010 година.

Познатата радиоводителка Татјана Фелгенгаугер лани беше прободена во вратот на работното место во редакцијата на радио „Ехо Москва“.

реклама

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе