Уште една жртва во боксерскиот ринг: Фатален нокаут за Патрик Деј

И покрај оперативниот зафат, боксерот воопшто не се разбуди од кома и синоќа им подлегна на повредите здобиени од пресметката со Чарлс Конвел.

Деј падна во кома со 10-тата рунда кога Конвел со два кроше удари го нокаутираше доаѓајќи до својата единаесетта победа. Откако Деј не се помрдна, стана јасно дека нешто не е во ред, па Конвел не се ни израдува на победата.

Веднаш беше пренесен во болница каде му беше направена итна операција на мозокот, но 27-годишниот американски боксер никогаш не се разбуди.

„Од име на семејството, од тимот на Патрик и луѓето блиски до него, благодарни сме ви за испратените молитви и пораки за поддршка и љубов кон Пат“, изјави неговиот промотор Лу Дибела веднаш по објавувањето на тажната вест.

„Патрик не мораше да боксува. Тој беше од добра фамилија, беше паметен, образован, имаше вредности и имаше други начини на кои можеше да заработува за живот. Сам одбра да боксува знаејќи го ризикот кој секоја борба го носи. Боксот е она што Пат уживаше да го прави. На тој начин инспирираше други луѓе и беше нешто што го правеше да се чувствува жив“, заврши Дибела.

Деј не е првата жртва во рингот годинава. Во јули за само неколку дена починаа двајца боксери. Прво Русинот Максим Дадашев (28), а по некој ден Аргентинецот Уго Алфредо Сантижан (23).

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе