Уште една жртва во порно индустријата: Актерката Оливија Луа најдена мртва

Оливија Луа е петтата актерка во порно филмови која почина во изминатите три месеци. Проблемите со дрога и алкохол, како и долгогодишната борба со ментални болести и справување со злоставување се главните причини за самоубиство или случајно предозирање на актерките од порно индустријата.

Луа, која работеше под името Оливија Волтер, починала вчера, на 23-годишна возраст.

Нејзината агенција „LA Direct Models“ соопшти дека Луа починала додека била на рехабилитација од зависност од дрога.

Оливија не снимаше филмови од октомври минатата година поради лични проблеми, а три месеци помина на клиника за одвикнување од дрога.

„Пред еден месец излезе од рехабилитација, сакаше да се врати на работа во почетокот на годината. Денеска дознавме дека повторно почнала да се дрогира, откако минатата недела повторно се пријави во друга клиника’, велат од агенцијата.

Нејзините пријатели и семејството биле загрижени за количината лекови што ѝ биле препишани на актерката и опасноста што би можела да произлезе од нивното користење. Причината за смртта најверојатно била фатална комбинација на лекови и алкохол.

Во изминативе три месеци починаа порно актерките Аугуст Ејмс, Шајла Стајлз, Оливија Нова и Јури Лав.

Експертите за ментално здравје излегоа со теорија зошто толку многу млади девојки од порно индустријата завршуваат фатално.

„Скоро 90% од жените во порно индустријата кажале дека сакаат да побегнат од тој живот, но немаат друг начин за преживување, додека 70% од нив патат од посттрауматски пореметувања. Нивното ниво на стрес е исто како кај воените ветерани“, вели психијатарот Стиве Мекеун.

„Додека жените од други професии излегуваат јавно и зборуваат дека биле сексуално нападнати или силувани, порно актерките сметаат дека ако проговорат за тоа ќе бидат осудувани, дека не може друго да очекуваат ако го работат тоа што го работат“, вели Гејл Дајнс, авторка на книгата „Порноленд: Како порно индустријата ми ја одзеде сексуалноста“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе