Уште фрчат откази во Twitter

Откако отпушти две третини од работната сила, првиот човек на Twitter, Илон Маск, ги собра преостанатите вработени во компанијата во седиштето во Сан Франциско и им кажа дека отпуштањата се завршени, но тоа наводно не е точно.

Минатата недела беа отпуштени десетици вработени во Twitter во одделенијата за продажба и инженерство, вклучително и едно кое директно му рапортира на Маск. Оваа информација ја открија извори од компанијата, но ја потврдуваат и објавите на отпуштените вработени на социјалните мрежи.

Тоа значи дека Маск направи најмалку три круга отпуштања од неговото ноемвриско ветување дека ќе престане да дели откази. Во меѓувреме, тој издаде директива за промена на начинот на кој рекламите се таргетирани на главниот feed на Twitter за само седум дена, како дел од неговиот план да го поправи она што тој лично го нарече „најлошата релевантност на рекламите во светот“.

Маск сака да го промени таргетирањето на рекламите за да функционира како рекламите на Google, кои првенствено ги таргетираат клучните зборови за пребарување, а не активноста на корисникот и податоците за профилот. Тоа е пристап кој добро функционира за пребарувачите, каде што луѓето изразуваат специфична намера да најдат нешто, и тоа е она што му помогна на Google да изгради еден од најпрофитабилните бизниси на сите времиња. Сепак, ова досега не функционираше за бизнисот на социјалните мрежи.

Марцин Кадлучка, менаџер за инженерство за монетизација, кој директно одговарал пред Маск пред да биде отпуштен,  во твит навести за неизводливоста на рокот од седум дена. Тој рече дека работата за подобрување на реклама може да се заврши за два до три месеци.

Маск даде сличен рок за промени поврзани со добивањето на официјална ознака за Twitter Blue откако ја купи компанијата, но рокот не беше испочитуван. Тој, исто така, може да го промени своето мислење за тоа како треба да функционираат рекламите на Twitter. Подобрувањето на рекламите е главниот фокус на Маск бидејќи тој верува дека тие се помалку персонализирани и ефективни од конкуренцијата. Сепак, сè уште не е јасно дали промената на таргетирањето ќе биде водена од клучни зборови како што е случајот со рекламите на Google и дали ќе го подобри квалитетот на рекламирањето на Twitter.

Еден поранешен вработен во Twitter, кој бил задолжен за рекламирање, рече дека Маск „нема поим за што зборува“.

Тагови
реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе