Уште не му простиле: Гризман брутално исвиркан од навивачите на Атлетико

Навивачите на Атлетико Мадрид жестоко го исвиркаа францускиот напаѓач Антоан Гризман во неговиот прв домашен натпревар по враќањето од Барселона, со што на некогаш најдобриот играч на овој клуб му стана јасно дека сѐ уште не му простиле за заминувањето во 2019 година.

Синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите против Порто за Гризман не беше прв од неговото враќање во Атлетико Мадрид, бидејќи неодамна играше против Еспањол во Примера, но беше негов прв дома и веднаш доби јасен сигнал од навивачите какво е нивното моментално мислење за него.

Имено, тој влезе во игра во 56. минута наместо Жоао Феликс, а кога стапна на теренот, домашните навивачи на стадионот Ванда Метрополитано го пречекаа со жестоки свирежи, што најдобро го покажуваат видеата од натпреварот.

URL

За нешто повеќе од 30 минути на теренот, Гризман не успеа да направи ништо или да им помогне на соиграчите да победат против Порто, а конечниот резултат гласеше 0:0.

Remote video URL

Потсетуваме, Гризман одеднаш се врати во Атлетико Мадрид на позајмица во последните минути од летниот преоден рок, и овој клуб ќе може да го откупи неговиот договор следното лето за само 40 милиони евра, што е за 80 милиони евра помалку отколку што плати Барселона во 2019 година.

Следниот натпревар во Лигата на шампионите Атлетико Мадрид го игра против Милан на гостински терен, по што ќе игра против Ливерпул.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе