Уште не сме се населиле на Марс, а веќе ја загадуваме Црвената планета

Кога размислуваме за истражување на вселената, обично замислуваме непознати цивилизации, неистражени светови и технологии кои надминуваат сè што знаеме.

Сепак, вистинската реалност на вселенските мисии вклучува многу практични, па дури и малку бизарни предизвици. На пример, хеликоптерот на НАСА, Ingenuity, кој одигра клучна улога во мисијата Mars 2020, имаше можност да сними нешто што можеби изгледа како „неземна“ глетка, но во реалноста, тоа е остаток од нешто што го создал човекот.

Овој случај ни покажува дека и покрај сите напредни технологии, нашето присуство во вселената остава траги кои не можеме така лесно да ги игнорираме. И додека сликите од Марс нè возбудуваат, можеби треба да бидеме загрижени за тоа што оставаме зад нас таму, пишува LADbible.

Хеликоптерот Ingenuity на НАСА, кој беше дел од мисијата Mars 2020 година, направи импресивни 72 лета на Црвената планета, а за време на еден од тие летови, сними сцена што можеше да изгледа како нешто од научно-фантастичен филм. Имено, сред црвениот песок, хеликоптерот наишол на остатоци од летало.

Глетката била толку необична што предизвикала сензација, бидејќи изгледало дека е нешто „неземно“. Но, како што објасни Иан Кларк, инженерот задолжен за системот падобрани на роверот Perseverance, тоа беа само остатоци од човечки производ - опремата што се користеше за слетување на Ingenuity на површината на Марс.

Оваа слика не е доказ дека постои вонземски живот, туку потсетување на нашето присуство во универзумот и на неизбежните последици што тој ги носи. Овој отпад, кој изгледа како остатоци од вселенски бродови, е всушност производ на нашата сопствена технологија која сега лежи на речиси неподвижната површина на Марс. Можеби ова е само почеток на нашето загадување на другите светови со отпадот што ќе го оставиме зад нас, како оној во орбитата на Земјата.

Само околу 2.000 активни сателити моментално орбитираат околу Земјата, додека има околу 3.000 неактивни, а бројот на отпадоци во вселената само расте.

Овој отпад претставува опасност за нашите вселенски мисии, но можеби еден ден, додека го истражуваме Марс или други планети, ќе треба да донесеме одлуки дали да ги исчистиме остатоците или да ги оставиме како траги од човечките амбиции и технологии на другите светови.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Ало Скопје, критично е!

Read more

Рускиот нафтен гигант на Путин го презема најголемото наоѓалиште на ретки минерали

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Вести

Роботот Optimus покажа нови вештини: Фрла ѓубре во корпа, чисти и усисува

Read more

Што подобруваат двете нови функции на Viber?

Read more

Разбивање митови: Кислородот на Земјата доаѓа од океаните, не од дрвјата

Read more

Мајмуните во Панама киднапираат бебиња од други видови

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботот Optimus покажа нови вештини: Фрла ѓубре во корпа, чисти и усисува

Читај повеќе

Xbox Game Pass Retro Classics нуди повеќе од 50 олдскул игрици

Читај повеќе

Типстер откри како ќе изгледа Xiaomi 16

Читај повеќе

Каде најчесто грешиме кога го чистиме телефонот?

Читај повеќе

Што подобруваат двете нови функции на Viber?

Читај повеќе

Counter Strike скинови од вредат повеќе од акции, злато и биткоини

Читај повеќе

Разбивање митови: Кислородот на Земјата доаѓа од океаните, не од дрвјата

Читај повеќе

Google воведува AI режим: Пребарувањето би можело да изгледа како разговор со експерт

Читај повеќе

Huawei го претстави супертенкиот лаптоп MateBook Fold

Читај повеќе