Уште три играчи заминаа со Буфон, тројца кандидати за клупата на Италија

Италија се соочува со голем шок, за нив е ова крај на светот.

Репрезентацијата на Италија нема да игра на Мундијалот во Русија и барем тоа на Апенинитe значи крај на светот.

Солзите на Буфон го обиколија светот, синоќа се збогуваше, а по неговите стапки тргнаа уште тројца играчи.

Имено, во дресот на „Азурите“ повеќе нема да ги гледаме Киелини, Де Роси и Барзаљи. Бонучи веројатно ќе остане, но и тој не е  сигурен.

Прв виновник е селекторот Вентура кој побара извинување од италијанскиот народ, но не си поднесе оставка.

Договорот му е продолжен до 2020 година и тој сега чека да биде сменет од управата за да добие отштета.

Се бара одговорност и од претседателот на сојузот кој молчи, но чиј експеримент со Вентура после Конте заврши со солзи.

Италија сигурно ќе добие нов селектор, но сега треба да се направи се за да се доведе некои големо име кое ќе започне со промена на генерациите и ќе формира комплетно нов тим.

Прв кандидат е Карло Анџелоти, ќе видиме дали тој ќе прифати да ја води Италија во квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Без работа е, има огромни понуди од Кина, но тој сака да се врати во Премиер лигата.

Сепак, италијанските тренери тешко одбиваат национална селекција, но ако Карло тоа го стори, клупата ќе му биде понудена на Алегри, а трета опција е Манчини.

Кога станува збор за тренерот на Јувентус неизвесно е дали тој својата мисија ќе ја заврши на лето, а Манчини има договор со Зенит.

Италија и двајцата ќе мора да ги почека до лето, па многумина се прашуваат дали воопшто вреди да се размислува за тие опции или едноставно веднаш да се убеди Анџелоти, за да ги искористи пријателските натпревари во јуни воочи Мундијалот и да изврши смена на генерациите.

Сигурно е дека мора веднаш да се делува, гневот е голем, а коментарите се дека едноставно мора да се состави млад тим и да се започне да се пишува нова страна од историјата.

Поради целото ова, јавноста бара брзо дејствување, па веројатно се ќе биде разрешено за само неколку недели. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе