Љубов и секс

Услов за долга љубов: Колку треба да трае идеалниот прв состанок?

22. ноември 2019 - 15:29 | А.С.

Помислете на сите први состаноци на кои сте биле. Што имаат заедничко оние што поминале добро и резултирале со долга врска? Сигурно има врска со тоа колку траеле.

Ако уште ви се нема случено голема љубов, треба да знаете дека должината на првиот состанок се покажала како многу релевантен фактор.

Мислите дека тоа што првиот состанок трае со часови е добар знак? Грешите! Ако веќе влегувате во вториот или третиот час од состанокот, пакувајте се и бегајте.

Експертите велат дека ако сакате да остварите содржајна врска и долга љубов, не смеете да дозволите да се „испукате“ на првиот состанок.

Американската психотерапевтка Клои Кармајкл вели дека идеалниот прв состанок не треба да трае повеќе од 90 минути.

Час и половина е повеќе од доволно да се запознаете „површно“ со личноста со која сте излегле и да знаете дали има некакви „искри“ меѓу вас.

Од друга страна, тие 90 минути не се доволни за да може вашиот мозок да се опушти поради возбудата што ја чувствувате и да почне да „проектира“ заедничка иднина.

Вечерите што спонтано се претвораат во петчасовно журкање може да бидат неверојатно забавни, но имаат и негативни последици, смета Кармајкл.

По толку добар состанок, неминовно е да почнете да гаите надежи за иднината на врската. Многу често таквите „маратонски дејтови“ се само добра забава што не покажува колку сте компатибилни, туку само ве наведува дека може да поминете долго време со некого без да ви досади. Па, речиси сите се забавни за една вечер, нели?

Затоа, следниот состанок заокружете го по час и половина и ако си поминете убаво, договорете следен.

Коментирај