Успешна аудиција: Оле Гунар Солскјер потпиша тригодишен договор со Јунајтед

Раководството на Манчестер Јунајтед утрово ја сподели веста дека Оле Гунар Солскјер, кој досега ја вршеше функцијата на в.д. тренер, сега е ангажиран како постојан тренер на клубот.

Норвежанецот доби тригодишен договор и ќе ја добие можноста да биде дел од тимот кој ќе биде одговорен за градење на тимот, купување на играчи и планирање за иднината.

Оле Гунар Солскјер беше назначен како в.д. тренер во декември, кога раководството реши да го отпушти Жозе Мурињо. Норвешкиот тренер и поранешен играч на Манчестер Јунајтед доби 14 од првите 19 натпревари на кормилото на овој клуб, што беше доволно за да ги увери сите од раководството, играчите и навивачите дека тој е вистинскиот избор за нов тренер.

„Од првиот ден кога пристигнав тука, се почувствував како дома. Чест ми е што го носев дресот на Манчестер Јунајтед како играч и што ја добив шансата да бидам тренер на овој голем клуб“, изјави утрово Солскјер.

Следниот натпревар на Манчестер Јунајтед доаѓа веќе оваа сабота, кога од 16:00 часот на Олд Трафорд ќе го пречекаат тимот на Ватфорд.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе