Успешна трансплантација на срце кај 22-годишно момче

Неколку часа по полноќ на Клиниката за кардиологија зачука новото срце на 22-годишно момче од донор од девојка на слична возраст која починала како последица од сообраќајка.

– Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце. Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше. Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги, напиша пред малку министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Facebook профил.

Филипче вчера изјави дека починала млада пациентка и добиле согласност од нејзините родители за донирање органи.

– Веројатно имаме потенцијал за уште една трансплантација. Денеска за жал кај нас има млада почината пациентка, има согласност за донација на органи од семејството и сега се прават проверки и во однос ХЛА типизацијата за тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти во текот на денешниот ден сѐ ќе се заврши, рече вчера Филипче.

Ова е втора трансплантација на срце во државава. Првата беше извршена во мај минатата година кај 53-годишен пациент, а донор беше 43-годишна жена почината во сообраќајка.

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација...

Posted by Венко Филипче on Saturday, April 17, 2021
реклама

Македонија

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Read more
 

Вести

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе