Успешно тестирана вакцина: Антитела создадени кај 100% од испитаниците

Светот веќе неколку месеци се бори со пандемијата на COVID-19 предизвикана од SARS-CoV-2 вирусот. Земјите почнаа да ги олабавуваат рестриктивните мерки во одредени региони, а повеќе фармацевтски компании ги здружија силите за пронаоѓање вакцина против болеста.

Светот е во здравствена и финансиска криза, секојдневно расте бројот на забoлени, но и бројот на починати. Вирусот е закана за секоја земја. Светската здравствена организација објави дека во развој се над 140 вакцини во различни фази. Некои се во рана фаза, а некои веќе ќе влезат во трета фаза на тестирање.

Од тие 140 вакцини, засега 13 се тестираат врз луѓе. Кинеската компанија National Biotech Group соопшти дека првите резултати од тестирањето на една потенцијална вакцина против коронавирусот на луѓе укажува дека би можела да биде безбедна за употреба.

Како што пренесе Reuters, оваа експериментална вакцина довела до создавање на високо ниво на антитела кај сите 1.120 испитаници кои ја примиле во текот на првата фаза на клинички испитувања. Станува збор за втора вакцина од таа компанија што се покажа како делотворна во раната фаза на тестирање врз луѓе.

Кинеската компанија и истражувачите имаат одобрение да во земјата и во странство тестираат осум потенцијални вакцини, што ја прави Кина една од водечките земји во трката за развој на вакцина против коронавирусот.

За да добие која било вакцина дозвола за излегување на пазарот потребно е да се покаже ефикасна и во третата фаза на тестирање, во која нејзиното дејство се испитува на повеќе илјади луѓе, пренесе Reuters.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Здравје

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе