Вип за најмладите

Успешно завршен вториот циклус од едукативната програма „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно“

Со завршувањето на училишната 2018/2019 година, Вип ја заокружи втората фаза од едукативната програма „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно“, која годинава опфати близу 1000 четвртоодделенци од 11 основни училишта во 11 општини во земјата.

„Ни претставува особена чест и задоволство што и оваа, втора година по ред, заедно со нашите партнери на проектот, Министерството за образование и наука и Бирото за развој  на образованието го поведуваме трендот за едукација на најмладите за тема која претставува неограничен ресурс за учење и надградба на идните генерации. Интересот од страна на учениците и наставниот кадар кој и оваа година не стивнува е дополнителна потврда за потребата од едукација и за ентузијастички пристап, особено за нашите колеги кои како волонтери се вклучуваат во овој проект” - изјави Елена Димовска, раководител на одделот за Корпоративни комуникации на Вип.

Во рамките на 60-минутните предавања, волонтерите од Вип, на интересен и забавен начин, преку практични примери и ситуации, на децата им ја доловија суштината на интернетот, со особен фокус на безбедноста при користењето на светската мрежа. Беа опфатени учениците од  четврто одделение во: Битола, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Тетово, Гостивар, Охрид, Прилеп, Неготино и Гевгелија.

Проектот “Интернетот не е само игра...Кликај безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на А1 Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година. Во рамките на проектот, минатата година предавањата ги проследија повеќе од 700 четврто-одделенци, од 28 македонски и албански паралелки од 10 училишта од 8 општини на територијата на град Скопје, а активно беа вклучени и повеќе од 70 наставници, директори, педагози и психолози од училиштата. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учесниците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата.

Едукативната програма „Интернетот не е само игра...Кликај безбедно“ е добитник на признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија.

 

*Промотивен текст

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе