Гик

Успешно заврши пробниот најдолг непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј

20. октомври 2019 - 12:56 | МИА

Австралиската авиокомпанија „Qantas“ успешно го заврши најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј превезувајќи 50 патници и членови на екипажот.

– Пробниот лет од 16.200 километри траеше 19 часа и 16 минути, објави денеска „Qantas“ на Твитер.
Авионот полета од аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк во петокот вечерта и утрово слета на аеродромот Кингсфорд Смит во Сиднеј.

Патниците беа подложени на тест за ментална и физичка издржливост.

На првиот од трите „супер долги“ пробни летови, што австралискиот национален авиопревозник „Qantas“ ги реализира оваа година, научниците ги следат ефектите од повеќечасовните непрекинати летови врз патниците.

Минатата година „Qantas“ го воведе првиот директен лет од западниот австралиски град Перт кон Лондон, кој трае 17 часа и е еден од најдолгите патнички летови во светот.

Наредните месеци „Qantas“ ќе тестира и лет од Лондон за Сиднеј.

Во моментот „Singapore airlines“ го има најдолгиот комерцијален лет од Сингапур до Њујoрк, што трае 18,5 часа.

Коментирај