Уставен ја укина Одлуката за ДУП во Центар, кој ги опфаќа и атрактивните парцели на Водно

Уставниот суд на денешната седница ја укина Одлуката со која на 18 јули 2014 година Советот на Општина Центар го донесе Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07 со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара.

– Судот оцени дека Одлуката за ДУП на Општина Центар е спротивна на Законот за локална самоуправа, поточно со членот 62 став 2 од овој Закон. Уставниот суд оцени дека не било обезбедено потребното мнозинство од 12 гласа „за“, како што предвидува Законот, изјави по денешната седница портпаролка на Уставниот суд, Христина Беловска.

Таа појасни дека согласно правното мислење на Судот, од вкупно 23 члена колку што броел Советот на Општина Центар присутни биле 12 члена, од кои „за“ донесување на Одлука за Деталниот урбанистички план гласале 11 члена, а 1 бил против.

Уставот во членот 110, како што рече Беловска, предвидува дека прописите треба да бидат во согласност со законите, што не е случај во конкретната ситуација.

Според Судот, со донесувањето на таа Одлука за Деталниот урбанистички план во Општина Центар е нарушена една од темелните вредности на уставниот поредок, а тоа е владеењето на правото.

– Согласно денешната одлука на Уставниот суд, Општина Центар нема да може да издава одобренија за градби за конкретните локации кои се опфатени со Деталниот урбанистички план, бидејќи тој ДУП не постои од денот кога ќе биде објавена одлуката на Судот во Службен весник, посочи Беловска.

Уставниот суд, како што додаде таа, ја донесе одлуката со мнозинство гласови, односно 5 гласа „за“, а 1 од судиите најавил издвоено мислење.

Подносител на иницијативата е Томе Симоновски, граѓанин од Скопје.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе