Уставниот суд ја одби Левица и дозволи уменување улици по фашистички колаборатори

Уставниот суд одби да отвори предмет по уставната иницијатива на Левица, со која беше оспорена одлуката за промена на именувањето на улици по балистички и шовинистички ликови. Одлуката беше донесена од Советот на Град Скопје во мандатот на Петре Шилегов и предизвика голема контроверза.

„Оваа скандалозна одлука, донесена од тогашната локална власт на СДС и ДУИ, освен што претставуваше популистичка мерка и обид за мобилизирање на изборни гласови од албанското гласачко тело, исто така е директна спротивност на член 6 од Законот за именување на улици, мостови и плоштади“, изјавија од Левица. Тие посочуваат дека оваа одлука ги навредува националните чувства на македонскиот народ и може да предизвика нетрпеливост и раздор помеѓу различните етнички заедници во земјата.

Според Левица, улиците кои се опфатени со нивната иницијатива сега ги носат имињата на ликови како Митхад Фрашери(1), Сул Хота(2), Ернест Колиќи(3) и Адем Демачи(4), кои немаат никаква поврзаност со македонската историја и држава. Како што велат, овие имиња се спротивни на антифашистичкиот дух на борбата на македонскиот народ за слободна држава.

„Со ваквата одлука беа избришани имиња на улици кои ја симболизираат антифашистичката борба на македонската нација, како улиците ‘Втора македонска бригада’ и ‘Македонско-косовска Бригада“, изјавија од Левица, додавајќи дека ваквите одлуки имаат за цел системско бришење на заедничката борба против фашизмот, врз која почива македонската држава.

Од Левица го оценија потегот на Уставниот суд како „скандалозен“, нагласувајќи дека со одбивањето на иницијативата, судот му дава легитимитет на процесот кој, според нив, води кон ревизионизмот на македонскиот идентитет.

„Со оваа одлука се легитимизира процесот на бришење на АСНОМ и неговото значење за македонскиот народ“, заклучуваат од Левица.

(1)Од 1942 година бил претседател на албанското фашистичко движење Бали Комбетар. Откако Албанија се ослободила од фашизмот, побегнал во Италија.

(2)Бил воен командант на фашистичката Бали Комбетар и главен соработник на бугарските фашистички окупатори во Втората светска војна. Од Бугарите бил назначен за шеф на полицијата во Матејче и им помагал во борбите против партизаните.

(3)Бил новинар, писател, поет и учител, но на погрешната страна. Бил министер за образование на Албанија за време на италијанската окупација на Албанија во Втората светска војна. Неговите политички статови биле профашистички и поради тоа многу негови дела биле забранети.

(4)Бил апсен од југословенските власти поради сепаратизам и во 80-тите бил еден од најголемите југословенски десиденти. Бил во политичкото крило на УЧК.

реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Македонија

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Read more

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје

Read more

Левица: ВМРО-ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Read more

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Читај повеќе

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Читај повеќе

Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки кај стадионот Борис Трајковски

Читај повеќе

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Читај повеќе

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје

Читај повеќе

Левица: ВМРО-ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Читај повеќе

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Читај повеќе

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид

Читај повеќе